0 коментари 2 мин. читање 1 јуни, 2016

ИТ Настан: Ова лето на StartQube научите како од стартап да направите бизнис

И овој август селото Велестово ќе биде центар на развојна програма во која учесниците ќе научат сè за развој на идеја во бизнис. Кампот е организиран од охридскиот тим зад CodeFest, и првенствено е наменет за стартап ентузијасти. Доколку се следи досегашната пракса, менторите ќе бидат експерти од Европа. Кампот ќе се одржи од 20 до 25 август, местата се ограничени и веќе може да се пријавите на StartQube/macedonia.

StartQube е збир на повеќе работилници кои се организираат во соработка со повеќе експерти. Идејата е учесниците да се запознаат со сите фази на креирање на успешен бизнис – од изработка на бизнис план и модел, анализа на пазарот, пристап до корисниците, пристап до инвестиции и сè што е клучно за креирање на одржлив бизнис.

Настанот е организиран подалеку од урбаниот Охрид со намера да се овозможи понеформална комуникација помеѓу учесниците и менторите. Локацијата е одлична и за дружење и рекреација по завршувањето на работилниците, што треба да биде клучно за пренос на знаењето и комуникацијата.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top