ИТ Настан: Научете за моќта на гејмификацијата со Гејб Зичерман

The power of Gamification, Engaging Design for Startups & Marketers: Lessons Learned and Ideas to Share“ е главна тема на обуката која на 4 мај, ќе ја одржи Гејб Зичерман (Gabe Zichermann). Обуката е наменета за сите: маркетери, студенти, професори, претприемачи и програмери. Ова е прв настан и обука за гејмификација во Македонија.

Гејмификацијата е нов тренд, не само за маркетингот, туку и за куп други неповрзани гранки, пример образованието. Г. Зичерман е таткото на овој концепт и е еден од најценетите експерти во областа. Обуката е фокусирана на креирање на искуство кое ќе ги задржи корисниците ангажирани со помош на гејмификација.

Учесниците во обуката ќе можат да се запознаат со концептот, но и со практичните методи на примена на гејмификација за маркетинг и бизнис. Најголема придобивка од гејмификацијата има кај здодевните, рутински процеси, кои често се и репетитивни. Учесниците ќе можат да се запознаат со најдобрите методи за гејмификација на овие процеси.

Едно од искуствата кои ќе бидат споделени на овoј настан е она на Grouper. Сервисот подолг период успешно користи гејмификација за зголемување на продажбата. На настанот ќе биде претставено и локалното искуство со гејмификацијата, преку искуството на Нина Ангеловска, директорка и основачка на Grouper.mk .

Настанот се одржува утре, 4 мај, во City Hall Скопје со почеток од 18:00. Резервации за настанот и билети се достапни преку Brainster и Grouper, кои се и ко-организатори на овој настан. Настанот е поддржани и од Швајцарската програма за претприемништво (#SwissEP), поддржана од Владата на Швајцарија и имплементирана од Swisscontact.  Средствата од организирањето на настанот ќе бидат наменети за развој на стартап заедницата во Македонија.

Disclaimer: IT.mk е медиумски спонзор на настанот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk