ИТ настан: На CATCH 2016 во Белград се поканети сите стартапи од Југоисточна Европа

0 коментари 1 мин. читање

Foundcenter Белград го претставува првото издание на CATCH 2016, настан кој ќе се одржи на 27, 28 и 29 септември во Белград. Настанот е можност за стартапите од Југоисточна Европа да се претстават пред инвеститорите, и ако се доволно добри да привлечат инвестиција до максимални 1 милион евра.

Компаниите кои можат  да се пријават се речиси од сите индустрии. Од ИТ сектор, здравство, природни ресурси и агрикултура, па се до уметност и дизајн. Пријавувањето за CATCH е отворено до 1 јули, а на „натпреварот“ можат да се пријават сите стартапи од регионот. Преселекцијата ќе заврши до почетокот на септември, по што ќе бидат презентирани одбраните компании.

Вообичаено стартапите ќе бидат проценети од стручно жири, но организаторот не убедува дека без разлика на победниците сите добри идеи ќе бидат земени в предвид за следни инвестиции.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top