ИТ Настан: “Meet the Masters” со лидерите на MusalaSoft

0 коментари 1 мин. читање

Компанијата Musala Soft на 25 февруари во Скопје организира ИТ конференција. На настанот наречен Meet the Masters ќе се дискутира на теми поврзани со последните случувања во ИТ-индустријата а ќе говорат луѓе од менаџментот на бугарската компанија. Настанот ќе се одржи во просториите на Европскиот универзитет – Скопје, а отворањето е во 9:30 часот. Јазикот на конференцијата е англиски и влезот е бесплатен.

Раководството на Musala Soft ќе говори на повеќе теми, а за секоја од темите е предвидена презентација и дискусија. Темите кои ќе се разгледуваат се следните:

  • Последни трендови во ИТ-индустријата;
  • Проширена интелигенција /  Big Data / Machine Learning;
  • Интеграција во облакот / API  Economy / SOA  / Микросервиси;
  • Интернет на нештата / Паметен свет / Индустрија 4.0;
  • Enterprise Java Development;
  • Quality Assurance and Automated Testing;
  • Front End технолошки платформи;
  • DevOps и зошто се потребни

Конференцијата ќе ја отвори Делијан Лилов, извршен директор на MusalaSoft. Целата листа на говорници, повеќе детали и регистрацијата за настанот се достапни на страницата на настанот; повеќе податоци за Meet the Masters може да пронајдете и на facebook-страницата на настанот.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед