1 коментар 1 мин. читање

ИТ Настан: Слушајте предавања за Open Source на Hacktoberfest

Hacktoberfest е настан кој има за цел да го слави софтверот со отворен код. Средбата ќе се одржи во јавна соба со почеток од 18:30 на 25 октомври, среда.

Организацијата на настанот е на Adeva и GSIX, со поддршка oд GitHub и Digital Ocean.

Својата пасија за отворен код со присутните ќе ја споделат локалните ентузијасти:

  • Томче Делев, на тема “Зошто е добро да се користи софтвер со отворен код”;
  • Гоце Митевски, на тема “Зошто да се придоенсува во софтвер со отворен код”;
  • Игор Стаматовски, на тема “Од слободен софтвер до стартап – Едно патување”;
  • Дејан Новески, “Како да почнеш да придонесуваш во софтвер со отворен код”.
Настaнот е корисен и отворен за сите.  Корист ќе имаат и развивачите кои се  веќе запознаени со концептот и нови развивачи во областа, кои можеби бараат проекти за да се вклучат.
Следењето на говорите е бесплатно, но корисниците треба да го најават своето учество.
Повеќе податоци за настанот, програмата и за говорниците, можете да дознаете од официјалната странa.
Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top