Microsoft го повика сите сајтови кои користат TLS 1.0 и TLS 1.1 да се префрлат на повисока верзија што е можно поскоро. Компанијата најави дека во првата половина на 2020 овие технологии нема да бидат поддржани на Microsoft Edge и на Internet Explorer.
Ова и не е преголем проблем со оглед на тоа дека податоците од SSL Labs покажуваат дека над 94% од сајтовите поддржуваат TLS 1.2. Најголем дел, 98,28% од конекциите на Microsoft Edge се преку TLS 1.2.
Од 2020 прелистувачите на Microsoft ќе поддржуваат TLS 1.2, ако TLS 1.3 не е достапен.
На 19 јануари следната година ќе одбележиме 20 години од TLS 1.0, првата верзија на протоколот која ги шифрира и потврдува безбедните конекции на интернет. Последниве 20 години, наследниците на TLS напредуваа, кулминацијата ја достигнаа со TLS 2.3, која во моментов е во развој за следните верзии на Microsoft Edge, вели Microsoft.