1 коментар 2 мин. читање 29 ноември, 2018

Наскоро понапредни камери-очила од Snap

Snapchat одамна веќе не е едноставната платформа за споделување на куси видеа кои се „самоуништуваат“. Сега станува збор за друштвена мрежа која е сериозен конкурент на Twitter, а Facebook од страв да не биде заборавен мораше да ја копира платформата.

Пред неколку години Snap се обиде да се испроба и со креирање на хардвер. Spectacles беа едноставни очила со камера кои овозможуваа брзо фотографирање или снимање на видео на она што го гледа корисникот. Компанијата пред крај на 2018 година би можела да ја претстави третата генерација на очила.

Новите очила ќе бидат поскапи, но за 350 долари купувачите ќе добијат очила со дуал камера подготвени за проширена реалност. Со помош на двете камари очилата ќе може да креираат и псевдо 3д-слики кои се популарни последниов период.

Засега нема најава кога ќе може да видиме очила кои ќе може да претстават сликички врз она што го гледаме, некаков вид на Snapchat-филтер или налепница во реално време. Веројатно ниту новата генерација очила нема да биде доволно моќна за ова.

Засега Snap не ја коментира веста, но основачот на Еван Спигел никогаш не криел дека сака повеќе очила од Snap во иднина, вели Wereable.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top