0 коментари 1 мин. читање 23 март, 2018

Наскоро подобар Instagram Feed

Можеби сметате дека тимот на Facebook треба да се фокусира на приватноста и да оневозможи злоупотребата. Најверојатно сте во право. Неспорно компанијата има доволно инженери да работи на повеќе од еден проект.

Следната промена доаѓа на Instagram. Како секогаш, друштвената мрежа ветува подобар алгоритам од кој ќе бидеме позадоволни. Генерално промените се однесуваат на првите слики кои ќе ги гледаме кога ја отвораме апликацијата. Новата функционалност е „Нови постови“ и со копче ќе овозможува промена на постовите.

Ова засега се прави со автоматска промена на постовите. Наместо ова, со копчето корисникот ќе може самиот да си одбере кога сака да ја обнови содржината на страната.

Дополнително, новите содржини ќе се појавуваат најгоре во фидот. Според Instagram ова е на барање на корисниците.

Во следните неколку месеци од Instagram најавуваат и други промени во фидот.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top
{title}