Наскоро ќе стартува GG, нова емисија за гејмингот направена од гејмери

Гораст Цветковски, актер и, поважно, хардкор гејмер, планира да го претстави гејмингот во ново светло пред македонската публика. Концептот му е да започне емисија – GG – која ќе биде за секој вид на игри и за сите гејминг турнири. Емисијата ќе има разновидна содржина која ќе им се допадне на сите гејмери, од casual гејмерите што играат игри само понекогаш, до гејмерите што се целосно посветени на се попопуларниот е-спорт кој сега се наградува со неверојатни 1,4 милиони долари.

„Емисијата ќе биде за игри, хардвер и се во врска околу нив – од резенции до покривање на турнири за сите врсти игри од класичните до тие за конзоли и дури board игри.“

Со емисијата, Гораст сака да отвори дискусија за игрите, односно да ги сруши старите табуа дека игрите се штетни и „се играат во замаглени и загушливи играчници“, и да објасни дека тие се креативни и можат да креираат одлични друштвени заедници. Но, да не заборавиме дека игрите се исто така неверојатно профитабилни и можат да да прераснат од хоби во сериозен стартап. Најдобар локален пример за ова се македонското гејминг студио Tesseract Interactive кои неодамна добија 30.000 долари инвестиција за да ја развијат својата игра. За Гораст, ваквите примери и многу други се добра основа да се отвори нова едукативна дискусија за гејмингот и се што е поврзано околу него.

„Дознавме дека последната емисија во Македонија посветена исклучиво на гејмингот е Cyber Space од 1998 година, и дека Македонија е гладна за гејмингот и се во врска со него“, вели актерот.

[youtube]CSHP0jP4PsE[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments