0 коментари 2 мин. читање 3 октомври, 2016

Направете нешто корисно со SnapGuide – водич за самостојна изработка на сè и сешто

Дали некогаш сте сакале да направите Instagram календар, превкусно вегетаријанско тако  или шесто аголна полица за книги? Независно дали сте по технологијата, автомобилизмот, или градинарство, нашиот сајт на денот би можел да биде исклучително корисна дестинација.

snapguide-600

SnapGuide е енциклопедија од чекор-по-чекор водичи за самостојна изработка на апсолутно сè и сешто. Сите водичи се составени од едноставни, кратки и концизни текстуални инструкции, потпомогнати од визуелни помагала во форма на слики.

Водичите се додатно поделени во истакната, популарна или неодамнешна категорија, а одделот Collections ги класифицира водичите според одредена тема. Доколку горите од желба да споделите некое ваше знаење со заедницата, можете да направите ваш водич и тоа преку одделот Create+.

Во ситуации кога ви требаат упатства преку вашиот паметен уред, SnapGuide се одликува и со корисна iOS апликација. Од некоја причина, Snapguide нема апликација за Android, но никој нема да ве спречи да пристапите до сајтот директно преку прелистувачот на мобилниот телефон.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top