0 коментари 1 мин. читање

Направете ја вашата macOS околина пофункционална со Yack

Користите macOS, но не ви се премногу допаѓа начинот на кој прелистувате? Yack би можело да ги размрда работите и да ви понуди значително поголемо уживање во секојдневните активности.

Се работи за визуелно-исполнителна десктоп апликација за macOS со која можете да ги прелистувате онлајн заедниците како Reddit, YouTube, Hacker News од само еден интерфејс. Според она што го видовме, Yack е значително подобрата алтернатива од стандардните можности за копање низ ваквите заедници, а се испорачува и со брз прелистувач кој може да го користите за отворање линкови, видеа и слично.

Моментно, Yack се наоѓа во отворена бета. Тоа значи дека, доколку сакате да го проверите потребно е да креирате акаунт на сајтот.

Авторите објаснија дека работат и на бета за windows оперативни системи и ветија дека ќе можеме да ја провериме наскоро.

 

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top