FastStone e исклучително звучно име во областа со управување со фотографии. За најпопуларниот продукт од оваа компанија, FastStone Image Viewer, зборувавме во неколку наврати, а, овојпат, би сакале да го насочиме вниманието на помалиот брат – FastStone Photo Resizer.
Се работи за мала алатка која и те како ќе ви се најде доколку сакате да ја намалите големината на одредени фотографии. Таквото нешто е особено важно затоа што поголемите фотографии тешко дека ќе можат да се пратат преку и-мејл, или пак да се постават на одредена страна.
Со FastStone Photo Resizer можете да одредите нова ширина и висина, како и да одберете некоја од понудените стандардни големини. Намалувањето на фотографиите го одредувате во пиксели, проценти или според големина за печатење. На располагање имате и неколку опции за автоматско сечење или пополнување, но, од она што го видовме, резултатите понекогаш и не се толку задоволителни.
Најдоброто нешто кај FastStone Photo Resizer е тоа што можете да одберете групно намалување на големините на повеќе фотографии од еднаш. Можете и да ги конвертирате во некој друг формат, да ги преименувате или да им наметнете најразлични ефекти. За која било од овие цели, на располагање имате најразлични формати.
Преземете ја апликацијата од официјалната страна. На истата страна, ќе најдете и неколку други корисни алатки.
Image Resizer for Windows3.1.1 е неколку пати подобар, само десен клик.