0 коментари 2 мин. читање 21 септември, 2016

Најново проширување за The Sims 4 – City Living

Најновото проширување за The Sims 4 ќе се надоврзе на вообичаениот гејмплеј со можностите за живеење во стан.

The Sims 4 City Living се одликува со нов свет, наречен Сен Мајшуно, каде ќе можете да започнете живот во големиот град и да им дозволите на вашите Sim ликови од прва рака да ги искусат таквите предности и недостатоци.

Во The Sims 4 City Living и становите се одликуваат со карактеристични црти кои директно ќе влијаат на напредувањето на вашите ликови. Па така, семејните играчи би требало да најдат стан во близина на добро училиште за да нивните деца имаат повисоки оценки. Добриот стан зависи и од висината на киријата и ако сакате да плаќате малку потребно е да сте спремни за најразлични непријатни изненадувања како во поглед на инсталацијата така и во привлекувањето четириножни пријатели. Да не ни зборуваме за опседнати станови, неспособни управители, гласни комшии и, па, знаете каде одиме со ова…

ep3_aptvid_thmb

Проширувањето ќе се одликува и со три нови кариери и тоа кариера во политика, критика или социјални медиуми. Што се однесува до нови активности, очекувајте пеење во караоке бар или присуствување на бројни фестивали кои би можеле да бидат романтични или „гиковско“ ориентирани. Исто така, сим ликовите ќе можат да играат кошарка, а и да се дружат со нивните пријатели во ваш или нивен стан.

csapcxmwgaqfvj1

Подразбирливо, The Sims 4 City Living ќе се ви дозволи и да се подновите и со нова облека и предмети.

The Sims 4 City Living излегува на 1 Ноември, по цена од 40 евра.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top