Најлоши .mk сајтови на јавни сервиси и установи

20 коментари 2 мин. читање
  • sas.com.mk е убедливо најневеројатниот сајт за јавна установа која опслужува по илјадници луѓе секој ден!

Инспирирани од sas.com.mk направивме кратка листа на најлоши јавни .mk сајтови. Сите овие сајтови подолу се наведени како „корисни линкови“ на голем дел од .gov.mk сајтовите. Па погледнете колку се корисни.

  • Комисија за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер има сајт кој доволно објаснува дали вие имате право за слободен пристап до информации од јавен карактер! :) (Поправка: Подолу во коментарите Даниел Јанев пиша дека правиот сајт на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации е komspi.mk/. Ова е добра вести што Комисијата има валиден сајт, но проблемот останува бидејќи овој конретен линк е изоставен на поголемиот дел од „корисни линкови“ наведени на многу .gov.mk сајтови каде што стои линк до стариот и празен сајт. Затоа и го промашивме правиот сајт.)

  • Биро за Регионален Развој е „прекрасен“ сајт со интерактивна мапа, сајт полн со занимливи информации кои ја истакнуваат работата на ова bureau!

  • Општина Куманово е една од најголемите општини па затоа на својот сајт има не една, туку две објави. :)) (tnx Toni)
  • Македонија пат е одличен сајт полн со информации и со галерија исполнета со не една, туку шест слики од мостови. (tnx @jeton)

Останатите .gov.mk и сајтовите на организации и државни агенции се воглавно добри… meh… дури и општинските сајтови. Тие содржат доволно информации за да се информираат граѓанините и да се снајдат што мислам дека е побитно од самиот дизајн.

Но… доколку пропуштивме некој добaр mkfail сајт на јавни сервиси и установи, слободно пишете го во коментарите.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

20 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top