Најдоброто во 2008

во ИТ.МК, Статии

Што е најинтересното што се случи во ИТ светот минатата година? Кои беа најинтересните видео игри во изминатата 2008? А кои најдобри .мк проекти? Најдобриот интернет гаф во 2008? Членовите на IT.com.mk форумот гласаа, а за разултатите „скролајте надолу“… :-)

Намерно почекавме со статијава, за да навлеземе малку во 2009 година, која започна возбудливо со луди мразови и уште полуди војни, а и за да го добиеме вистинскиот ефект на „минатата“ 2008. Па што се случуваше во „минатата“ година?

Настан што ја одбележа 2008 година

На оваа листа се најдоа настаните кои во текот на 2008 привлекоа најголемо внимание и беа најдискутираните теми во медиумите и ИТ светот. Изборот според многу членови беше тежок, но како што вели членот Fico: “Што знам, највише џева според мене се крена со LHC па за тоа и ќе гласам.„

Тој беше во право. Најмногу гласови освои „Изведување на најголемиот експеримент (Large Hadron Collider)“, експериментот за кој се зборуваше дека ако се случи нешто лошо или по грешка, може да ја уништи планетата. Настанот не беше на оригиналната листа за гласање, но беше додаден откако еден од нашите членови го сугерираше тоа.

LHC беше пратен од настани како Microsoft vs. Yahoo,Twitter како медиум, Победа на Обама благодарение на интернетот, Интерпланетарниот интернет на NASA,
150 милиони корисници на Facebook и настаните врзани со мобилните телефони како објавувањето на iPhone 3G и Google-овиот G1 базиран на Android.

.МК проект во 2008

Победникот според гласовите е проектот или да речеме одлуката за воведување „.мк домени“.

Сепак, од воведувањето на националните телевизии онлајн – Zulu.mк, кој беше втор најдобар .мк проект по гласовите, и доделување на вредносни ваучери на студентите, трет на листата, па и отварање на бесплатни интернет кафулиња, Тime.mk, воведување на ИП ТВ, лаптопи за прво-трето одделенците и онлајн припeид надополнувањe за кредит до следење на ѓубретарите со GPS за кој членот Тrakilaki напиша „со ова го решивме најголемиот проблем во земјава што не кочеше во нашиот напредок и грабењето на светскиот ИТ пазар“, може да се забележи дека во 2008 година се случуваше интересен ИТ напредок во Македонија.

.МК гаф/момент во 2008

Оваа анкета не беше планирана воопшто, a сепак стана најпосетената анкета. И како што напиша нашиот член fuuuUzZzZy: „Незнам… Искрено незнам.. Полесно би решил дали јајцето или кокошката е постара од колку ова :) Ајде.. Нека биде моментот каде што незнаев буквално што да правам од смеење…”

Победникот е гафот на НетПрес: DDoS e опасен вирус, кој го надмина моментот со „Огласот: се бара хакер“ за само неколку гласа. Овие две случки беа убедливо најгласани и ги оставија далеку зад себе гафовите како „Грчко-македонските хакерски препукувања“, „А1: Внимавајте на сајбер ѕверовите“ и „Татабонот на Microsoft Македонија“.

Најдобрата игра во 2008 (PC)

Повторно година каде продолженијата доминараа во гејминг светот. Победникот во ова категорија е Grand Theft Auto 4. Второто место го делат Call of Duty 5 и Crysis: Warhead. Од онлајн ММО игрите победникот е второто продолжение на World of Warcraft: Wrath of the Lich King кој убедливо ги победи Age of Conan и Warhammer.

Интересно Age of Conan и Warhammer, како и Spore што не се најде на листата, се единствените кои не се продолженија на претходен оригинал и се скоро-оригинални игри, но сите тие беа всушност со катастрофални резултат и во нашата анкета, но и на пазарот. Но, од друга страна може да се забележи дека Playstation 3, xBox и Nintendo претставија некои интересни оригинални игри, како Little Big Planet за PS, но од разбирливи причини поврзани со цената и достапноста на тие конзоли во Македонија ги изоставивме од листата направена само од игри достапни за PC.

Доколку имате додатно мислење или забелешка, добродојдени сте на на форумот на IT.com.mk, нормално нема да имате можност повеќе да гласате :-), но останува можноста да коментирате и дискутирате за одлуките и листите.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments