Најдобрите видео игри со женски протагонисти

За време на осми март решивме да направиме листа од осум женски протагонисти кои ја освоија гејмерската популација во 2017 година. И додека припадниците на женскиот пол го користат викендов за патување, пополнете ја празнината од нивното отсуство така што и вие ќе заминете на (дигитално) патување со некоја од следниве дами.

Сара Рајдер, од Mass Effect: Andromeda

Кажете што сакате за Mass Effect: Andromeda. Генерално гледано, Bioware навистина потфрлија со Andromeda и она што добивме е полу-печен производ кој не е достоен за нивното име. Но, најјаката страна и понатаму продолжува да биде приказната, особено нивните протагонисти. Bioware ви дозволува да се впуштите во вселенска опера со машки или женски протагонист, слично како трилогијата со Шепард. За првото преигрување, решивме да одиме со Сара, а со второто  со машкиот протагонист. Преубавата, емоционално поткована глума на актерот зад Сара, како и милозвучната боја на глас не разоружаа уште по првите неколку часови и за второто преигрување беспомошно одевме со истиот избор. Некој би кажал дека имаме проблем.

Алој, од Horizon Zero Dawn

Повеќето сакаат да бидат во допир со нивната дива страна. Сите од нас, меѓутоа, сакаат да се со девојка по која е напишана самата дефиницијата за див, нескротлив дух. На кратко, тоа е Алој – силна девојка која не се плаши лично да се пресмета со огромни чудовишта во еден, одамна пропаднат и деморализирачки свет. Како исклучително успешен Playstation 4 екслузивен наслов, Алој успева и во битката да покаже дека гејмерите се гладни за игри со женски протагонисти и дека таквите наслови се подеднакво популарни како игрите со машки ликови.

Лара Крофт, од Tomb Raider

Занесната Лара е на сцената уште од 1996 година и, низ годините, има претрпено бројни дигитални хирушки зафати. И покрај промените, девојката успева да доминира во потсвеста на гејмерите и со секој наслов привлекува се поголема слава. Играта од 2013 година, ја претстави Лара како вистинска личност која поминува низ серии од немили случки за да биде она што е во претходните игри и во филмовите, а играта од 2016, Rise of the Tomb Raider, само се надоврзува на идејата дека вие сте тие кои треба да ја оформите неискусната девојка во воинот кој ќе биде подоцна. Првата причина поради која ја споменуваме во листата со женски протагонисти од 2017 е поради филмот со Алисија Викендер кој привлекуваше внимание цела година. Втората причина е дека, кога се работи за Лара, не ни треба причина. :)

Xарли Квин, од Injustice: Gods Among Us 2

Suicide Squad филмот беше пресуден за откачената Харли и успеа да ја направи десната рака на Џокер исклучително популарна. Најголемата моќ на Харли лежи во нејзината непредвидливост и во неодоливата симпатичност секој пат кога ќе го реализира таквото нешто. Во Injustice: Gods Among Us 2 девојката се прикажува како борец кој е достоен да застане раме-до-раме со најопасните (анти)херои. Харли, патем, има исклучително популарен стрип серијал, така да доколку барате повеќе од неа, најдете ја таму.

ТуБи, од Nier, Automata

Nier, Automata е една од најуникатните игри кои имавме задоволство да играме во 2017 година, не само поради бројните гејмплеј елементи и неочекувани режими, туку и поради талентираниот и преубав андроид YoRHa No. 2 Model B или 2B. Сите оние кои беа импресионирани од Матрикс филмовите и бараат можности за адреналински пресметки каде се пркосат сите можни закони на физиката, инстантно ќе се вљубат во девојката. ТуБи не дискриминира и е подеднакво вешта и со ладни и со огнени оружја, а комплексната приказна само ја истакнува на уште повисоко ниво и ве принудува да се грижите за неа повеќе отколку што би сакале.

Емили Колдвин, од Dishonored 2

Првата игра ви дозволи мајсторско прикрадување од епски пропорции со Корво. Во двојката, меѓутоа, можете да ги негувате вашите атентаторски пропорции со преубавата Емили. Иако се работи за шутер во прво лице, бројните уникатни моќи и впечатливата приказна допринесуваат до силен ефект дека играте со девојка која е онолку смртоносна колку што е убава. Емили е несопирлива сила, поезија во движење и, најважното од се, пример за тоа дека женските протагонисти држат клучно место во видео игрите.

Сениа, од Hellblade: Senua’s Sacrifice

Hellblade: Senua’s Sacrifice не само што ни дојде од ветераните зад кои стојат игри како Heavenly Sword, Enslaved: Odyssey to the West и DmC: Devil May Cry, туку и обработува теми кои се несвојствени за игрите. Тимот успеја да создаде игра која истражува теми на психози и длабоки психички растројства сместени во интригантно доба на викинзите. Сенија е лик кој нема да можете лесно да го заборавите и нејзините длабоки растројства ќе ве прегонуваат долго откако ќе завршите со играта.

Трејсер, од Overwatch

За една игра во која приказната е во втор план, а фокусот е на мрежни пресметки, Трејсер привлече исклучително многу внимание, особено во 2017 година. Преку стрип и засебно видео, се обелодени дека Трејсер е геј. Веста се прошири како див пожар, фановите полудеа и почнаа да ја искажуваат нивната поддршка на единствениот начин кој беше очекуван од нив – преку илјадници порно содржини во форма на слики, цртани или експлицитни косплеј видео материјали. Една група критичари ја поздравија одлуката на Blizzard да воведат поголема диверзивност во игрите, други ја осудија, а на трети воопшто не им беше јасно зошто овој податок е важен за играта. Русија зазема дополнителни чекори и го блокира стрипот кој ја прикажуваше Трејсер како ја бакнува нејзината девојка. За сето ова време, Трејсер растураше на бојното поле и во ниеден момент не престануваше да го окупира вниманието на поголемиот дел од гејмерската популација.

Кој е вашиот омилен женски лик? Кој се осмеливме да го пропуштиме? Кажете ни во коментарите, форумот или на социјалните мрежи!

Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] Dawn, играта која на времето ја прогласивме како една од најдобрите видео игри со женски протагонисти, моментно е бесплатна за преземање од страна на сите […]

trackback

[…] Senua’s Sacrifice – (Xbox One) – 11.април Една од нашите најдобри игри со женски ликови ќе ги почести и XBox One […]

trackback

[…] што кажавме во нашата листа со најдобрите видео игри со женски протагонисти, преубавата Лара Крофт е на сцената уште од 1996 година, […]