Најдобрите проекти од креативниот маратон „Smart cities: Rethinking how the city works and lives“

Пред десет дена во просториите на МКЦ се одржа хакатонот со наслов „Smart cities: Rethinking how the city works and lives“. Настанот го организираа Солвео и М3ДС. На хакатонот учествуваа над 100 учесници и беа разменети 1 000 идеи.

„Како еден од најголемите настани кои ги имаме организирано, ние од Солвео сме им многу благодарни на сите учесници, спонзори, говорници, ментори и фасилитатори кои покажаа дека има голем потенцијал и желба позитивни промени да се случат во нашиот град!”, велат од Солвео.

Сите идеи треба да му помогнат на Скопје да стане подобар и помодерен паметен град.

„Сите се одлични, не можам да издвојам некого. Групите се одлични, фантастично работат“, вели Стефан Митров.

Иако навистина сите решенија ќе му  помогнат на Скопје, хакатонот имаше и награден карактер, па победници мораа да бидат избрани. Она што може да се забележи е дека поголем дел од проектите се локализирани или прилагодени на Скопје. Сепак идеите се интересни и ќе биде уште поинтересно да се види дали некои од решенијата можеби и навистина ќе бидат применети.

Првонаградената идеја доаѓа од тимот „Bright Brains“составен од Алин Синаноски, Филип Арсовски, Катерина Митевска, Михаела Јаневска и Сара Алексоска. Нивната идеја е да се постават платформи кои енергијата од човековиот чекор ја претвораат во електрична енергија. Платформата е поврзана со три генератори кои при еден чекор на неа произведуваат 5 до 8W што е доволно да се напои една LED светилка за 30 секунди. Кога ќе згазне минувачот на платформата, еден дел се спушта, ова движење се трансформира во електрична енергија.

Оваа енергија се собира во батерии за потоа да се искористи за осветлување. Платформите би се поставиле на локации низ Скопје каде има најголем проток на луѓе. Целта на ова решение е поефикасно произведување на енергија, а со тоа и заштеда.

Второнаграден е тимот на „Грин Арк“. Идејата на Анита Китанова, Марио Цветковски, Кирил Пајмакоски и Никола Јовановски е аквапоник на крововите на зградите во Скопје. Ова ќе овозможи локализација на производството на здрава храна преку самоодржлив систем. Аквапоник е мини еко систем во кој, луѓето ги хранат рибите, а рибите ги хранат растенија.

„Одгледувањето на риби и хранливите материи кои ги создаваат овозможуваат забрзан и квалитетен раст на овошје и зеленчук без потреба од плодна земја, како и токсични материи. Овој начин на одгледување користи 10 пати помалку вода од традиционалното земјоделство и овозможува производство на овошје и зеленчук во секое време од годината“, велат од Солвео.

Третата награда отиде кај „Скопје Рециклира“, тим составен од Јулијана Михајловска, Ема Велковска, Гордана Стојковска, Димитар Чакар и Ања Коцевска. Решението е своевидна паметна кутија за отпад. Она што го овозможува решението е преку технологија отпадот автоматски да се селектира. Кутиите ќе го препознаваат отпадот и ќе го сортираат. Кога ќе бидат полни ќе испратат порака дека треба да се испразнат.

Она што е интересно е дека учесниците на натпреварот се одлучија за универзални решенија. Првите три награди решаваат проблем кој го има секој поголем урбан центар. Можеби тимовите заслужуваат критика за барање на инспирација во постоечки идеи, но креирањето на решение од идеја секако е предизвик. Сега останува на градските власти или на приватниот сектор, да ги разгледаат решенијата и да одлучат да ги реализираат.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments