Еден куп прашања ја окупираат вашата свест, но не и одговори? Quora ќе ви дозволи да поставите прашање и да добиете уникатно мислење од некој од 200 милиони корисници. Гледајте на Quora и како на веб сајт, односно апликација каде можете да споделувате знаење и подобро да го разберете светот.
Пристап до Quora добивате така што се логирате со вашиот gmail или facebook акаунт. При првото навлегување, потребно е да изберете кои се вашите интереси. Таквото нешто е понудено преку стотици теми, како технологија, музика, психологија, дизајн, маркетинг, или образование. За успешно креирање профил, потребно е да изберете најмалку девет интереси. Како одбирате интереси така ви се редат слични теми кога ќе дојдете при крајот на листата и немојте да се изненадите доколку штиклирате повеќе од 50.
Следниот чекор е да бидете одведени на страна која суптилно потсетува на останатите социјални мрежи, како Facebook, или, можеби Twitter. Од левата страна се вашите интереси и со нивно кликнување средината се исполнува со текстови и прашања кои припаѓаат на таа тема. Во случај да сакате вие да поставите прашање, потребно е да кликнете на полето What is your question и да напишете што ве мачи. Од Quora препорачуваат вашите прашања на бидат кратки и концизни, да проверите да не имате одредени граматички или правописни грешки, и да проверите да не веќе има такво прашање поставено и одговорено, нешто што лесно можете да дознаете така што ќе ги внесете клучните зборови во полето за пребарување (Search Quora). Со прашањето можете да вметнете и линк кој може да им помогне на сите оние што ќе пробаат да ви го одговорат прашањето. Во моментот кога го пишувате вашето прашање, добивате предлози за слични прашања кои се веќе поставени и одговорени.
Во случај да сакате да помогнете на некого и да го споделите вашето знаење и искуство, потребно е да кликнете на категоријата Answer и да изберете некое од многуте прашања кои се сортирани според вашите претходно одредени теми од интерес.
[…] Во меѓувреме, доколку барате слична и повеќе-од одлична алтернатива, проверете ги потенцијалите на Quora! […]
[…] Во меѓувреме, доколку барате слична и повеќе-од одлична алтернатива, проверете ги потенцијалите на Quora! […]