0 коментари 2 мин. читање 27 јули, 2011

Најдете контакти кои ќе ви одговаарат на вашите Google+ кругови

Би сакал да претставам неколку веб сајтови кои би ги интересирале сите оние кои што се имаат приклучено на Google+, и немаат многу пријатели, а сакаат во своите кругови да стават личности, за кои сметаат дека имаат нешто интересно да споделат. Бидејќи бројот на контакти кои можете да ги ставите во вашите кругови  исто како и кај Facebook, е ограничен на 5.000, можете слободно да се опуштите и да ги додадете пријателите.

Со стартувањето на Google+, насекаде почнаа да се појавуваат постови со интересни личности кои можат да бидат ставени во кругови. Сега веќе започнаа да се појавуваат цели веб сајтови со ваква намена. Еден од овие сајтови е Share This Circle, кој ви нуди најразлични предлози, од уметници во Германија до славни личности и поети. Некои од понудените кругови се направени надвор од сајтот, но се ставени таму за полесен пристап.

Уште еден интересен сајт со иста намена е Recommended Users. Овој сајт ми се допаѓа повеќе од Share This Circle бидејќи е попрегледен, има поубав дизајн и има полесна навигација. Се разбира листите на кругови се надополнуваат и наскоро би требало да има нови категории. Единствена замерка за овој сајт ми е тоа што некои личности можат да се најдат во повеќе од една категорија.

Како за крај би сакал го претставам и сајтот Group.as, кој има најмногу категории, и секако најмногу личности кои би можеле да ги ставите во вашите кругови. Исто како и Share This Circle и Recomended Users, Group.as ви овозможува вие самите да предложите некоја личност.

Напишано од

Мартин Јовчески

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top