Најдете ја вистинската позадина за вашиот десктоп

во Совети

Сите сакаат да имаат десктоп со „кул“ позадина, no потрагата по вистинската позадина може да потрае поради големиот број на сајтови кои нудат неинтересни и досадни позадини. Решивме да ви помогнеме и да најдеме кои се најдобрите веб сајтови што нудат квалитетни позадини.

Smashing Magazine, еден од најпопуларните и најквалитетните блогови за графичи и веб дизајн, има одлична архива на креативни позадини. Оваа архива се надополнува еднаш месечно со интересни позадини во различни резолуции. Овие позадини всушност претставуваат календар од дадениот месец. Се разбира изборот е огромен и прилично креативен, како што е и случајот со останатата содржина која ја нуди Smashing Magazine.

Друштвената мрежа за креативни, уметнички настроени индивидуалци, DeviantART, е исто така одлично место каде може да се најде огромен избор на позадини. DevianART, како и Smashing Magazine, има посебна архива за позадини каде може да се најдат абстрактни позадини, фотографии, слики, 3D рендери, стенсил цртежи, буквално сè што заедницата закачува на оваа платформа. Поради друштвената природа на DevianART, можете да комуницирате со креаторите на позадините.

Interfacelift е портал со огромен број на позадини, кој благодарение на неколку навигациски мениа, овозможува брзо и едноставно филтрирање на позадините. Корисниците можат да сортираат позадини според рејтинг, коментари, број на преземања, омилени позадини, како и по случаен избор. Добрата работа кај Interfacelift е тоа што овозможува да се одбере онаа резолуција која што е достапна, а исто така и да се пребаруваат позадини според резолуцијата.

И форумот 4Chan, исто така нуди можност за откривање на голем број на интересни позадини. Форумот е поделен на неколку категории, од кои за нас најважна во овој случај е /Wg/, категорија која постојано се надополнува со позадини. Оваа категорија може да се посети директно од форумот, или преку сервисите Nik.Bot или 4Walled, кои овозможуваат прелистување на позадините од /Wg/. Се разбира, треба да се внимава кога се прелистуваат овие позадини бидејќи голем број од нив се NSFW.

Бидејќи има уште голем број на други портали наменети за позадини, можете слободно да ги наведете во коментарите, a доколку сакате IT.com.mk позадини креаирани од форумџиите такви ќе најдете на Facebook.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
4 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
snoops
snoops
10 years ago
ttt
ttt
10 years ago

definitivno bez konkurencija e wallbase.net

lolipop
lolipop
10 years ago

http://www.desktopnexus.com/
najdobra strana za pozadini

zIWe
zIWe
10 years ago

кога сме веќе кај оваа тема … еве нешто и од мене http://thepaperwall.com/
101% македоnска изработка :)