Надополнето: CC лиценци и на Google Image Search

во Веб

{mosimage}Ако Yahoo! прави нешто подобро од Google тогаш е пребарувањето на слики, сега и со нова опција – пребарување на слики според Creative Commons лиценци. Иако Google го имаат одличното препознавање на лице и категории, сепак пребарувачот на слики на Yahoo! е подобро дизајниран, филтрите се видливи, ефективни и сега имаат опција за CC лиценците.

Creative Commons лиценците дозволуваат да искористите одредена фотографија/слика без да се замарате за авторски права. Всушност сите слики се заштитени со авторски права, но Creative Commons лиценците овозможуваат да се ослободат некои права. Пример: доколку некој ја лиценцирал својата фотографија со CC лиценца за повторно користење и манипулирање, тогаш вие може да ја искористите таа фотографија без никаков проблем, само треба да наведете чија е. Повеќе за Creative Commons лиценците прочитајте тука.

Моментално пребарувачот на слики на Yahoo! работи само со
фотографии со CC лиценци од Flickr, популарната друштвена мрежа за фотографии во сопственост на компанијата која има ужасен пребарувач. Сепак ова е само надополнување, филтрите за пребарување на слики беа поставени само пред 2 месеци, во март оваа година, и најверојатно Yahoo! ќе работи на овој одличен дел од пребарувачот.

*За да ги видите филтрите за пребарување на Yahoo треба да кликнете на „More Filters“.

{mosimage}

Надополнето: 10.07.2009

И Google го вклучи филтерот за Creative Commons лиценците во својот пребарувач. Доколку барате слики, оваа опција ќе ја најдете ако отидете на опцијата „Advanced Search" -> „Usage Right". Од таму си одбирате една од четирите лиценци и пребарувачот ви ги дава сликите кои се зашититени со таа лиценца.

Повеќе детали на блогот на Google.



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk