Google отстрани над 700.000 апликациии и 100.000 развивачи од Google Play во текот на 2017 година. Во просек, компанијата секој ден отстранувала по 1.900 апликации, јави Register.
Бројката е навистина голема, пред сé ако споредите со 2016 година. Бројот на отстранети апликации во 2017 е 70% поголем од претходната година. Сепак и бројот на апликации на Google Play e значително зголемен во 2017. Во 2017 година во продавницата имаше 3.5 милиони апликации, за во 2016, 2.6 милиони апликации.
Најверојатно најдобра и најимпресивна е веста дека дури 99% од овие апликации се „жртви“ на вештачката интелигенција. Ова е одлична вест и покажува дека во иднина продавницата ќе биде уште побезбедна. Според Google, шансите за да ве инфицира малициозен софтвер од Google Play е 10 пати помала отколку симнувањето апликации од друго место.
Дополнително, отстранети се и 100.000 развивачи на апликации. Компанијата објасни и кои апликации се отстранети, а сите не се со малициозен код. Така дел од отстранетите апликации се копии, или имаат наслов кој потсетува на друга апликација; дел од апликациите се со несоодветна содржина, насилство или порнографија; и конечно дел од апликациите се потенцијално со малициозен код.