Водичи за неколку популарни Android видеоигри како Pokemon Go или Fifa доаѓаа со многу повеќе од совети. Над 500.000 корисници на Android преку овие апликации отвориле можност за заразување на своите уреди со малициозен софтвер, пренесе BBC.
Безбедносната компанија Check Point тврди дека над 45 вакви апликации можеле да ги заразат телефоните на корисниците. Апликациите беа преземени помеѓу 528 илјади и 1.8 милиони пати. Загрижувачки е што непознато е дали и колку од овие апликации се искористиле за напад.
Апликациите кои можат да се користат за инсталација на малициозниот софтвер, иако се едноставни апликации, бараат пермисии за администратор на уредот. Потоа апликацијата ја користи оваа пермисија за да избегне бришење. Според Check Point, апликацијата потоа може да презема дополнителни модули. Модулите можат да го root-ираат уредот или да го искористат како дел од бот-мрежа при DDoS напад.
Апликациите кои се зафатени со пропустот се присутни на Play Store околу пет месеци. Самите не се опасни, но по преземањето на модулите стануваат проблем. Дел од апликациите се развиени од Анатолиј Хмеленко.

Imate: Check Point