Над 2500 Steam игри можат да се играат на Linux

Нешто повеќе од два месеци како Valve агресивно се труди да направи што е можно повеќе игри да се компатибилни и беспрекорно игриви на Linux. Во август, Valve објасни дека не се потпираат на девелоперите и дека со Proton ќе пробаат тие да ги направат игрите компатибилни на Linux. Proton е модифицирана верзија на Wine – софтверската алатка која се користи на Linux за да се покренуваат Windows апликации. Valve вложија неброени часови за да правилно го поддржат Wine и да го надградат за да им подобро служи на игрите, како и подобро да се справува со поддршката за DirectX 11 и 12 напојувани игри. Резултатот на ваквата интеграција со Steam мора да била исклучително плодотворна, затоа што за само два месеци 2800 игри кои се осмислени само за работа во Windows околина одеднаш станаа компатибилни и игриви и во Linux. Чисто за споредба, кога Valve го откри Proton во август, се нудеше поддршка само на 27 игри. Ако моментно се стреми компатибилноста да се овозможи на 5,300 игри, импресивно е како 50% од таквата задача веќе е остварена.

За тоа кои игри можат да се играат на Linux, можете да се информирате тука. Оние кои ќе се пријават за тестирање на бета верзијата на Steam, лесно ќе можат да видат кои игри можат да бидат без проблем играни. Никој нема да ве спречи да пробате да покренете некоја игра која сѐ уште не е поддржана, но шансите се дека нема работите глатко да поминат.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments