5 коментари 2 мин. читање 28 ноември, 2011

Над 12.000 Facebook фанови сакаат „Е-книги на Македонски“

За само две недели од стартувањето, Facebook страната „Е-книги на Македонски“ привлече 12.796 фанови заинтересирани да си симнат е-книга.

Facebook страната не е стартувана од книжарница или издавач, туку се чини дека е стартувана од љубител на книги кој ги собира линковите до електронските изданија на книгите од разни македонски автори, или книги врзани со Македонија. Од објавената листа може да се види дека има доста избор, дури има и „C++ прирачник на македонски“. Сите е-книги се закачени на сервисите за споделување како Меgaupload, Hotfile, Scribd итн. Бидејќи поголемиот дел се во .pdf формат можат да се закачат и читаат и на таблет компјутер.

Тоа што е интересно е што страната „Е-книги на Македонски“ функционира како место каде корисниците можат и самите да споделат линк до е-книга. Тоа што ме интересира е дали може страната да профункционира како еден вид е-библиотека?

Според „побарувачката“, oдносно според барањата од фановите може да се види дека има заинтересирани луѓе за купување електронски книги. Oва може да биде интересен бизнис, посебно на македонскиот пазар за е-книги кој не е баш освоен од издавачите.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
5 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Martin
Martin
14 years ago

Veke ima vakov sajt vo mkd. Pishuvavte za nego.
http://www.razmena.estudent.mk , samo ne znam dali administratorite dozvoluvaat prikacuvanje na piraterija

Сајбер Трајан
Сајбер Трајан
14 years ago

PDF не е формат за е-книги. освен тоа, на македонски нема ни обични книги. а ни книжари.

Сандра
Сандра
14 years ago

Ако книгата е објавена како е-книга и тоа под Криејтив Комонс и дозволено е споделување во електронска верзија, тогаш е во ред… во случајов со фејсбук групава, не е страшно тоа што се ограбуваат големите издавачки куќи кои и така не плаќаат авторски права за книгите што ги издаваат, туку страшно е за нашите автори и за малите издавачки куќи кој секој денар го вложуваат за да ги издадат тие книги… секоја гага секому му е блага, ама целта на коментаров е да размислите каков ефект ќе има вашиот даунлоад пред да симнете некоја книга.

Никола
Никола
14 years ago

Класична пиратерија! Гага книги и не е баш привлечно, па групата има само 12000 обожаватели.
Ако групата беше за гага филмови, ќе имаше 120000 обожаватели.
P.S. IT.com.mk уште ја промовира пиратеријата…

boban
boban
14 years ago

Уште да беше сево ова легално и со дозвола од авторите ќе беше добро, ова е кражба.
Како на пример да крадам статии од IT.com.mk

Мени
Заедница
Изглед
To top