На Twitter се зборува на 61 различен јазик

Kорисниците на Twitter ги испраќаат своите пораки на 61 различен јазик, од кои, очекувано, најпопуларни се англискиот, вели Semiocast во својот инфографик. Вториот јазик на кој најчесто се испраќаат пораките е јапонскиот јазик, иако ова можеби не изненадува со оглед на тоа дека неколку години Јапонците се помеѓу најактивните на Twitter. Најголемиот број на твитови доаѓаат од САД дури 3,7 милијарди, зад нив се Јапонија со 1,8, Индонезија со 1 милијарда твитови, Бразил со 910 милиони и Велика Британија со 640 милиони пораки.

САД има околу 50 милиони активни корисници на Twitter, а останатите 180 милиони се од остатокот на светот. Сепак што се однесува до рекламирањето, во САД за секои 1.000 прегледи приходите се 2,58 долари, а од остатокот на светот се заработуваат 0,36 долари на 1.000 прегледи. Истражувањето покажува дека сè уште најпопуларна друштвена платформа е Facebook, со 51 отсто од корисниците, a Twitter сега е на четврто место со 22 отсто од сите интернет корисници, зад Google+ со 26 отсто и YouTube so 25.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments