My Little Universe се прошири и на конзолите

My Little Universe е волшебна авантура која беспрекорно ги спојува возбудливото истражување со едноставната, но заразна механика за собирање ресурси и градење свет. Навлезете во оваа шармантна ко-оп авантура, сами или со до тројца пријатели, и тргнете во епска мисија за да обликувате и развиете девет митски светови, плочка по плочка. Или, како што самите авторит посакуваат: „дозволете вашата креативност да се расцути додека создавате уникатни пејзажи, откривате скриени тајни и соработувате со вашите пријатели за да ја изградите крајната утопија“.

Во My Little Universe, започнувате како храбар авантурист, нурнувајќи во истражување на скромен, но ветувачки простор. Додека собирате ресурси, вашиот свет се шири, откривајќи нови плочки и патеки за понатамошни авантури. Со секоја проширена плочка, се отвораат нови можности за истражување, предизвикувачки битки со непријатели и богати жетви на ресурси.

Иако почетното собирање ресурси и проширување може да изгледа скромно, a, со тоа, и здодевно, вистинската магија на играта се открива со текот на времето. Имено, откако ќе ги надградите вашите алатки, процесот на собирање ресурси се забрзува, нудејќи опипливо чувство на напредок и претворајќи го почетното напорно работење во наградувачко искуство.

My Little Universe нуди и возбудлив режим за до четири играчи, совршен за соработка на кауч преку поделен екран. Играта навистина сјае преку мрежниот режим, каде што соработката го рационализира собирањето ресурси и го прави проширувањето на светот уште понаградувачко. Со заеднички сили, секој аспект на играта станува поефикасен и позабавен, претворајќи го секое достигнување во заедничка победа.

Играта користи хиерархиски систем на ресурси, каде што основните материјали се користат за создавање на понапредни. Имено, некои ресурси кои ги собирате треба да се процесираат во одредена структура за да се направат. Паралелно со ова, како напредувате, така отклучувате и вештини и бонуси. Овие подобрувања, како што е зголемено здравје и побрзо, но хиерарско собирање ресурси го поттикнува континуираното играње и ги спречува играчите да пристапат до сè прерано.

Секој од деветте светови кои ќе имате задоволство да ги истражувате ви дава пристап до уникатни алатки кои се потребни за решавање на предизвиците кои го заклучуваат вашето понарамошно напредување. На овој начин, секој свет има нешто интересно да ви открие и понуди. Кога сме кај тоа, вреди да се пофали и прекрасната, крајно симпатична графика, како и неодоливо слатките (читај: трапави) анимации кои даваа разигран ритам на целото искуство.

На PC, My Little Universe излезе во 2023-та година. Година дена подоцна, играта понуди и бесплатно, но забавно проширување кое се одликува со две нови и подобрени зандани, една предизвикувачка зандана и еден нов лик кој се отклучува откако ќе го завршите додатокот. Неодамна, играта излезе и за конзолите на Sony и Microsoft.

На крајот од денот, My Little Universe нуди одлична игра за сите оние кои сакаат едноставно искуство на градење свет, со прекрасна социјална димензија која се испорачува преку мрежниот дел. Иако почетното напредување остава впечаток на здодевна и неисполнителна прогресија, работите значително се менуваат откако ќе започнете со отклучување на способности, бонуси и надградби.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk