Не сте способни да возите под дејство на алкохол. Таквото нешто никако не се препорачува.
My Limit е iOS/ Android апликација која се труди да заклучи до која мера сте пијани и што треба да направите во тој случај.
Апликацијата функционира така што пресметува колку алкохол имате во вашата крв, во зависност од количината и пијалоците што сте ги конзумирале, но и земајќи го во предвид вашиот пол и тежина. My Limit соодветно предупредува и, преку тајмер, ви кажува за колку време алкохолот би излегол од вашиот систем и кога би можеле да седнете зад воланот.
Апликацијата се води според водичот за безбедност од NHTSA, или US National Highway traffic Safety Administration. Тоа значи дека препораките можат значително да се разликуваат од препораките во некоја друга земја. Паралелно со ова, параметрите кои ги внесувате во апликацијата не се доволни за да се создаде правилна слика. Имено, никаде не се земаат во предвид други фактори, како дали и колку сте изложени на стрес, или кога и каков бил вашиот последен оброк, нешто што значително знае да влијае на нивото на интоксикација.

Поради сево ова, My Limit повеќе нѝ се чини како интересна апликација која крие малку поразлични вредности, поблиску поврзани до едукативниот, односно забавниот фактор. Никако не би требало да ѝ се ветува, затоа што никако не може да биде прецизна на исто ниво како соодветни медицински тестови. Поради тоа, кругот на овој текст најдобро е да се затвори со реченицата со која и беше почнат.
Возење под дејство на алкохол никако не се препорачува.







