Mozilla го најави новиот mozjpeg 2.0 кодер за JPEG фајлови. Целта на проектот е да го намали времето потребно за вчитување на сликите и да го подобри искуството на сајтовите кои хостираат слики. Според Mozilla, проектот ќе обезбеди поквалитетен JPEG-енкодер кој ќе ја подобри компресијата, но истовремено ќе остане компатибилен со постоечките декодери.
Mozjpeg 2.0 ќе донесе намалување на JPEG фајловите во просек за 5 отсто, иако во зависност од сликата намалувањето може да достигне и до 15 отсто. Иако можеби не изгледа како преголема бројка, најголем дел од сликите на интернет се поделени помеѓу JPEG и уште неколку формати, па ова намалување ќе помогне кај страните кој хостираат многу слики, како на пример друштвените мрежи.
Првите тестови на mozjpeg 2.0 ќе ги направи Facebook, кој покрај тестовите и финансиски го подржува проектот со дониции од 60.000 долари за развој на енкодерот, но и за следната 3.0 верзија на mozjpeg. „Facebook ја поддржува работата на Mozilla која овозможува помали JPEG слики без притоа да се прави компромис со квалитетот на сликите“, вели Стејси Керкела од Facebook.







