Microsoft веќе нема да развива Android Nokia X телефони

Microsoft ќе престане со развој на нови Android телефони, што значи дека Nokia X серијата ќе биде единствена кога се во прашање Android телефони од Microsoft, јави ВВС. Прекинот на Nokia X уредите ќе ги врати овие телефони назад во Lumia одделот, а Microsoft најави дека ќе ја продолжи поддршката за Android уредите.

Прекинот на Nokia X телефоните не е поголемо изненадување од издавањето на Android телефон кој Nokia го издаде неколку месеци пред влезот во Microsoft. Потегот во тоа време изгедаше чудно бидејќи Microsoft има сопствен оперативен систем која сака да го промовира. Проценките тогаш беа дека компанијата сака да се приближи до дел од Android корисниците презентирајќи ги своите апликации и услуги.

Се чини дека прекинот на Nokia X линијата е во согласност со планот на Microsoft кој најави отпуштање нa 18.000 вработени. Nokia X дивизијата ќе биде распределена во Сало, Финска, каде компанијата ќе развива поевтини телефони и во Тампере каде се развиваат high-end уреди. Намалување на операциите ќе има во Улу, Сан Диего и Пекинг. Овие планови ќе го намалат бројот на вработени за 12.500, вели Microsoft.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments