1 коментар 2 мин. читање

Можно ли е сајт да преживее надвор од најпопуларните платформи? Ќе дознаеме наскоро.

Најверојатно една од најголемите вести оваа недела е забраната и отстранувањето на Infowars од неколку платформи. Сè започна со отстранување на содржината од iTunes и Podcast, a наскоро следеa и YouTube и Facebook.

Единствена платформа која му остана на Алекс Џонс за споделување на содржините е Twitter, мрежа која барем засега вели дека неговите подкасти не нарушуваат никакви нивни правила. Сите други кои ја отстранија содржината го направија ова поради говор на омраза.

Но, иако му ги отстранија содржините од своите платформи, ниту Apple, ниту Google не ја отстранија апликацијата за соодветниот оперативен систем, која сè уште е високо на листите. На Google Play беше и уште е прва на трендинг во САД.

Сепак, и покрај зголемениот интерес за апликацијата, прогнозите велат дека сервисот загубил повеќе гледачи отколку што ќе добие.

Дури и вака останува прашањето дали некој сервис може да функционира надвор од најголемите платформи. Секако, Infowars може да функционира како блог, но тешко како сериозен медиум. За волја на вистината, Infowars никогаш и не се декларирал како сериозен медиум. На страна од обожавателите, тешко дека некој сериозно би сфатил полугол маж кој зборува за тајни друштва кои владеат со светот.

Дополнително, сајтот продолжува со тврдења дека техничките компании сакаат да го уништат, иако ако навистина тоа беше случајот, немаше да можеме да го најдеме со пребарувач.

Во следниот период секако ќе дознаеме како ќе изгледа животот по отстранувањето. Шоуто на Алекс Џонс не е прво кое беше исфрлено на маргините. Претходниот сервис кој сееше омраза, Daily Stormer, е или барем беше далеку поекстеремен. Сепак, штом ја премина границата на каква, таква пристојност, не можеше да најде ниту попристојна платформа за хостирање.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top