Можно ли е Disney MagicBand да биде алката што ќе ги отвори сите волшебни врати?

во Свет

Доколку сакате да видите како ќе изгледа иднината, не треба да ја барате во Силиконската Долина, најдобро е да си резервирате карта до Орландо и да го посетите Disney World, вели Wired. Најголем дел, ако не и сите од пријатните изненадување, доаѓаат поради aпликацииите на Disney и интеграцијата со паметната алка Disney MagicBand.

„Доколку ја носите Disney MagicBand и имате резервација, домаќинот ќе ве пречека на мостот – Добредојдовте г-не Тарнер! Потоа ќе ве пречека друга насмеана личност – Седнете каде сакате! Никој нема да ви објасни дека вашите нарачки ќе ве пронајдат каде и да седите…“

Одговорот на одличната услуга на магичниот свет на Disney е на раката на посетителите на која е закачен MagicBand. Станува збор за уред кој им е достапен на сите посетители, а вработените на своите телефони ги добиваат сите потребни податоци. „Волшебните алки“ овозможуваат лоцирање на посетителите преку предаватели на плафоните, а благодарение на апликацијата вработените знаат и предвреме кога да започнат со приготвување на храната. Алката е едноставна и речиси незабележлива. Доаѓа со RFID чип и радио на 2.4 GHz, батерија која овозможува напојување до 2 години, и куп сензори кои се поврзани со паркот со една единствена цел – да ги задоволат сите желби на посетителите.

Доколку посетителите се претплатат на ексклузивната услуга Magical Express, алката добива уште поголеми можности. Корисниците без проблем можат да се качат на превозот за Disney World, нема потреба од билети на вратата на паркот, багажот автоматски се пренесува до хотелот, и бидејќи алката е поврзана со кредитната картичка посетителите можат и да плаќаат со неа, без притоа да размислуваат на новчаникот. Сепак највозбудливете можности на технологијата за сега не се имплементиратни, на пример Disney може да ги испраќа Пепелашка, Мики и Мини да ги пронајдат посетителите, да ги користи камерите во паркот за да снимат видео или фотографии од посетителите кои понатаму може да ги сподели со нив.

„Она што луѓето го нарекуваат ‘Интернет на нештата’ како единствено техничка поддршка е промапување на суштината. Ова е за искуствениот интернет. Гостинот не мора да знае како се случуваат работите. Битно е дека храната пристига како магија“, вели Ник Франклин, кој дел од тимот зад MagicBand.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk