0 коментари 2 мин. читање 3 ноември, 2020

Можно е PS5 игрите да не поддржуваат PSVR

Веќе подолго време кружат гласини и претпоставки за тоа дека PSVR помалку (или воопшто) нема да биде поддржан од најновата конзола на Sony. Првото црвено знаме го забележавме откако слушнавме дека најновата PlayStation 5 HD камера нема да функкционира со PlayStation VR headset. Набргу по тоа забележавме дека никаде во промо материјалот за PS5 верзијата на Hitman 3 не стои поддршката за PSVR.

Hitman 3 Pre-Orders List PSVR Support On PS4 But Not PS5

Во меѓувреме, UploadVR добија потврда од Sony дека PS5 верзиите на игрите со PSVR нема да бидат поддржани од VR шлемот и дека доколку сакаме да ги играме игрите како Hitman 3 или No Man’s Sky во VR, ќе мораме да ги купиме PS4 верзиите, а не тие за PS5. Претставникот за Sony дополнително објасни дека ниедна PS5 игра не најавила дека ќе има поддршка за VR, што значи дека таквото нешто се чини дека е ексклузивно за PS4.

Како огромни фанови на VR технологијата, длабоко сме разочарани, но некако не веруваме дека Sony планира да остане на ова на подолгиот период. Се надеваме дека година-две по лансирањето на конзолата би можеле да видиме и некоја втора верзија на PSVR и посоодветна опрема за неа.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top