DeepFakes e следна генерација на манипулација на видео и аудио содржини и слики. Манипулацијата е овозможена од развојот на вештачката интелигенција. Најчесто станува збор за замена на ликови или на различни видеа на пример ова видео на Силвестер Сталоне во Терминатор или манипулација со устата и видеото на некој говорник да изгледа дека кажува нешто сосем поинаку од оригиналната снимка. Видеата се креираат со помош на два спротивставни системи, едниот креира фалсификат, а другиот го препознава. Благодарение на ова фалсификатот станува се подобар, и на крајот е тешко да се препознае.
Засега најчесто се изработува лажна порнографска содржина, но стравувањето е дека во иднина би можело да се злоупотребуваат и во политички кампањи.
Откривањето на лажните видеа е можно, но потребно е време, кое можеби не е достапно.
Погледнете го интервјуто на Wired со експертот Сем Грегори.






