0 коментари 1 мин. читање

Mononoki е бесплатен фонт, наменет за програмери

Фонтот кој го користите додека го пишувате вашиот код не ви е доволно прегледен? Нема проблем, Mononoki е токму креиран за девелопери, а неговиот дизајнер Матијас Телен го направи фонтот да биде достапен потполно бесплатно, јави The Next Web.

Фонтот е лесно разбирлив, совршен за работа со IDE или текст едитор, и е прилагоден за сите монитори. За жал, ако досега користевте како оправдание „Многу нејасен ми е текстов, ништо не читам“, за да го одложите кодирањето, веќе немате оправдување.

Image courtesy of programmingfonts.org
Image courtesy of programmingfonts.org
Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top