Апликацијата за фотографии Moments на Facebook нема да биде достапна во Европа, јави BBC. Причина за забраната е што апликацијата, која ќе стартува во САД следниве недели, користи технологијата за препознавање на лице. Ова се коси со строгите правила на Европската Унија околу приватноста, а компанијата и онака веќе е под закана од судски казни во неколку држави во Европа.
Корисниците нема да ги споделуваат овие фотографии јавно, а можноста за идентификација на пријателите во фотографијата се користи при сугерирањето на пријателите на кои би можеле да им ја испратите фотографијата. Според законот во повеќето европски држави, корисниците мора да имаат можност да го исклучат препознавањето, што во моменотов не е имплементирано, па апликацијата нема да биде достапна во Европа додека од Facebook нe ја додаде оваа функционалност.
Неверојатно, но, DeepFace AI овозможува препознавање на ликови со точност во 97,25 отсто од случаите. Законодавците од Канада и Европа остануваат неимресионирани од прецизноста на технологијата и бараат од компанијата во најмала рака да им овозможи на корисниците барем да имаат можност да го исклучат препознавањето. Се чини дека законодавците не се загрижени од препознавањето во фотографиите, туку од опасностите кои технологијата би можеле да ги предизвика во иднина, можноста за нејзино отворање и користење за препознавање на луѓето на улица, во продавници, каде и да се движат, без известување, постојано нарушувајќи ја нивната приватност.







