Моќта на Deepfakes видеата

Avatar img-thumbnail img-circle

во feature, Вести, Свет

Веројатно досега сите ја знаат приказната за „deepfakes“ видеата. Започнаа во „скриените“ делови на интернет како алатки со кои се „монтираа“ лицата на познатите (главно актерки и пејачки) во порнографија. Не беше потребно долго време и се појавија и видеа од обични луѓе.

За среќа технологијата засега е посложена за користење што е една од причините поради кои не сме закопани во лажни видеа.

DeepFakes e следна генерација на манипулација на видео и аудио содржини и слики.  Манипулацијата е овозможена од развојот на вештачката интелигенција. Најчесто станува збор за замена на ликови во различни видеа или манипулација со устата и видеото на некој говорник да изгледа дека кажува нешто сосем поинаку од оригиналната снимка. Видеата се креираат со помош на два спротивставени системи; едниот креира фалсификат, а другиот го препознава. Благодарение на ова фалсификатот станува се подобар, и на крајот е тешко да се препознае. Иако ова е вака во теорија, во пракса на алгоритамот му е потребна помош од човек кој ќе ги направи последните промени за поголема веродостојност.

Во креирањето на видеата, Deepfakes користи TensorFlow, open source алатка од Google. Дополнително потребни се слики од ликот кој се монтира над оригиналната содржина, колку повеќе слики тоа подобро. Во сите креирани видеа досега користени се слики кои се јавно достапни, или од Google Images или од друштвените мрежи. Вештачката интелигенција врз база на сликите креира виртуелен модел и го заменува оригиналниот лик.

Сепак некои од најдобрите видеа кои сме ги виделе се монтажи на различни популарни актери врз оригиналните филмови. Ова е случај со Том Холанд и Роберт Дауни кои се појавија во неколку сцени Back to the Future.

Речиси не помина еден ден, а се појави уште едно видео во кое актерите од Matrix се среќаваат во Office Space. Ctrl Shift Space e автор и на монтажата во која Силвестер Сталоне ја зема улогата на терминатор во истоимениот филм. Процесот засега не е автоматизиран и има доста поправки, но ако се оди во планот креирањето на овие видеа и чистењето треба да биде сосем автоматизиран.

Овие видеа секако се забавни, но некои корисници веќе пронаоѓаат начин за Deepfakes да го направат и покорисен. На пример VFXChris Ume успеа со помош на Deepfakes да ги реставрира и обои видеото на Џак Брел за „Ne me quitte pas“.

Deepfakes веќе се појавија и во политичките кампањи, но не единствено на начинот кој го замисливте. Без сомневање ќе има куп видеа кои се користат и за пренесување на лажни пораки и дезинформирање, но овојпат тоа не е случај. Маној Тивари ја искористи технологијата да ја пренесе пораката на повеќе различни јазици. Благодарение на Deepfakes тој може да им се обрати на сите гласачи на нивниот јазик, иако веројатно и не го зборува доволно добро. Во случајов користен е англиски и харијани јазикот. Благодарение на WhatsApp и Deepfakes неговата порака стигна до 15 милиони луѓе, вели Vice.

Идејата за кампањата е на агенцијата Ideaz Factory и за овие видеа е искористена пософистицираната верзија на технологијата со која се синхронизираат движењето на устата и гласот кој треба да излегува од неа.

Иако ова е позитивен пример за користење на технологијата веќе има неколку примери кои укажуваат на потенцијалните опасности. Ваков случај е лажното видео на претседателот на Габон кое доведе до неуспешен обид за пуч.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk