Лоши вести за Apple, за разлика од iPhone кој речиси веднаш беше прифатен од модниот свет, Apple Watch поминува далеку полошо. Дури на маркетинг кампањата од 12 страни ви Vogue не помага за широка прифатеност во модниот свет, вели Venture Beat.
„Ги сакам уредите на Apple. Моите телефони и компјутери се Apple, но часовникот, не ми се допаѓа воопшто. Некои мои колеги мажи го поседуват часовникот и не изгледа лошо. Јас сепак ќе си го задржам мојот Rolex“, вели актерката Поли Шанон која е убедена дека Apple потфрлил со часовникот.
Часовникот нема поддршка ниту од модните блогери кои, иако поделени во мислењето, сепак на повеќето не им се допаѓа најнововиот уред од Apple. „Јас се уште верувам во мода пред функционалност, кога часовниците се во прашање. Не сум убедена дека Apple Watch е усогласен со мојот личен стил, а и не верувам дека часовникот поденакво изгледа во дневна и ноќна гардероба“, вели Лена Алмеида, автор на блогот Listen to Lena. За Алеали Меј, Apple Watch е “шик, убав и минимал“.
Ако воопшто има некоја причина за задоволство во Apple е што модниот свет сепак зборува за Apple Watch, додека ги игнорираат Android часовниците кои иако изгледаат далеку подобро, не добиваат слично внимание.