Мобилните реклами на Facebook се поефикасни од тие на десктоп верзијата

Kомерцијалните огласи на друштвената мрежа кои пристигаат на мобилните уреди се многу поефикасни од рекламите кои се појавуваат на десктоп верзијата, покажа  истражувањата на TBG Digita, AD Parlor, Nanigans и Spruce Media, кои се рекламни партнери на Facebook. Мобилните реклами на Facebook се отворани 13 пати повеќе, и заработуваат 11,3 пати повеќе пари по прикажување од десктоп рекламите.

Ова истражување го наметнува прашањето како Facebook  ќе успее да ја искористи најголемата пречка која ги предизвикува пад на нивните акции  и  да ја направи својата најсилна страна? Имено, аналитичарите тврдат дека причина за падот на акциите е поради префрлање на корисниците на друштвената мрежа на мобилни платформи. Еден фактор кој може да ја сврти слабоста на Facebook е можноста на клиентите сами да изберат каде ќе се рекламираат.

„Со дозволувањето на корисниците да се рекламираат единствено на мобилни платформи приходите на Facebook ќе се зголемат. Имаме голем интерес од огласувачи кои се заинтересирани единствено за овој вид на реклами – AdParlor CEO Hussein Fazal.“, вели AdParlor.

Но, дел од корисниците се жалат дека големиот број на отворени реклами се должи и на недовлната оделеност на рекламите од содржините. На пример, Google своите реклами го оделува многу појасно на жолта позадина за разлика од Facebook каде единствено можете да видите Sponsored Stories рекламите. Сепак имајќи го во предвид концептот за испраќање на реклами во реално време и сега рекламирање на мобилни уреди се чини дека Facebook конечно се на прав пат да го искористат своето мобилно присуство, скоро 400 милиони луѓе користат Facebok преку мобилен телефон.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk