Мобилниот интернет е се покористен (статистика)

во ИТ.МК

Користењето на Интернет преку мобилни мрежи забележува најголем годишен пораст од сите други електронски комуникации. Според извештајот на Агенцијата за електронски комуникации за првиот квартал, скоро 384.897 корисници на мобилни телефони пристапиле до Интернет преку 2G и 3G мрежи барем еднаш во последниве три месеци. Споредено со ланскиот квартал ова време тоа е 21,9 отсто пораст. Вројот на претплатници на пристап до Интернет преку мобилни 2G мрежи со тесен опсег, пак, се зголемил за 130 отсто од лани, односно бројката од 40.520 корисници се искачи на 93.583. Во Македонија има 2.178.995 активни претплатници на мобилна телефонија.

Тоа што е интересно е што во бројката на корисници кои пристапуваат до Интернет преку мобилни, иако импресивна, сепак не ги вклучува пристапите преку Wi-Fi мрежи. Од AEK велат дека не ги собираат пристапите до Интернет преку Wi-Fi бидејќи може да биде поврзување преку лаптоп, и е тешко да се следат тие поврзување бидејќи се преку рутер, пример, кафулињата и фирмите се претплатници на не-мобилен интернет, односно ADSL, кабловски, оптички врски.

Кога сме кај тие поврзувања, според извештајот на AEK во првиот квартал од 2011-та има 263.713 претплатници, што е пораст од 13,3% од лани. За разлика од бројката на мобилни корисници која се забележува и по само едно поврзување на Интернет преку мобилен, бројката на не-мобилни поврзувања е според бројот на претплати, што ги вклучува домаќинствата и компаниите.

Ова бројка од 263.713 претплатници на Интернет преку ADLS, кабловски, оптички и друг десктоп интернет, се вклупува и со бројките од Заводот за статистика кој вели дека 41% од домаќинствата во Македонија, од вкупно 565.296 според статистика од 2002, се претплатници на Интернет. Тоа се околу 231.000 домаќинства, што значи останатите се компании.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk