Според експертите, мобилните телефони се атрактивни за вакви измами бидејќи се поврзани со платежен систем т.е може да им се наплати веднаш, наспроти традиционалните измами преку интернет каде криминалците бараат преку мејл или крадење идентитет да им се платат пари.
Користејќи ги броевите од Јужниот Пол измамниците дури и да таргетираат само мала група луѓе, ќе може да им се исплати поради високите цени на +88234 броевите. Тоа се однесува и на други интернационални броеви, велат експертите за BBC.
Според Kaspersky Labs PC измамите, тројанците и вирусите се постепено намалуваат, но затоа пак мобилните измами достигнале 200% пораст во последниве 3 години.
Коментари
3 коментари
Коментарите се затворени.