0 коментари 2 мин. читање 26 август, 2015

Mobile Fusion го претвара телефонот во 3Д скенер

Mobile Fusion е проект на Microsoft кој со помош на телефон овозможува креирање на 3Д модели. Технологијата е овозможена благодарение на квалитетни фотографии и не е ништо посложено од снимање на видео, вели Technet.

„Одлична стартна точка беше да земеме сензор кој секој го има во својот џеб, камерата на мобилниот телефон…“. Тоа што можеби е и поимпресивно е што не е потребна никаква дополнителна опрема, па дури ни интернет конекција, ова значи дека корисникот може да биде на терен и да креира 3Д модел доколку е тоа потребно. „Целата обработка е на телефонот“, вели Пушмет Коли, еден од научниците вклучени во проектот.

Креирањето на моделот е супер едноставно, што го прави овој прокет навистина кул. Најпрво корисникот снима видео од сите агли од објектот за кој сака да креира 3Д модел. По ова алгоритамот ги обработува сликите и го креира моделот. Еден од главните предуслови кои го овзможуваат ова е напредокот на паметните телефони, па добар дел од нив сега имаат хардвер кој може да ги „поднесе“ пресметките.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top