Mmhmm ќе се обиде да ги направи Zoom и PowerPoint презентациите подобри

Mmhmm е нова технологија на која работи компанија основана од поранешниот директор на Evernote.

Станува збор за апликација- виртуелна камера која може да се интегрира со речиси сите постоечки сервиси за стрим, од Zoom до YouTube и Google Meet. Она што го овозможува апликацијата е едноставна интеграција на презентации во видеата.

Со Mmhmm корисникот може во видеата да додаде различни табли и прозорци со дополнителна содржина, своевидни видео презентации. Наместо како досега презентациите да се посебен екран, па учесниците во конференцијата можат да се фокусираат на целиот екран, а не само на говорникот или на презентацијата. Апликацијата дозволува и намалување и додавање на транспарентност со што ќе се овозможи полесно следење на содржината.

Апликацијата е достапна за корисниците на macOS, а најавена е и Windows верзија. Засега софтверот е во бета фаза и има листа на чекање.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk