0 коментари 2 мин. читање 4 мај, 2018

Младински образовен форум и Радиo МОФ го најавија седмото издание на Engage

Младински образовен форум и Радиo МОФ го најавија седмото издание на Engage. Станува збор за еден од најголемите, ако не и најголем настан чиј фокус е друштвениот активизам.

Откако неколку пати се одржа во МКЦ, настанот се пресели во Култура, а оваа година ќе се одржи во Музејот на современа уметност. Вообичаено и темите и говорниците се супер интересни, па ова го очекуваме и оваа година. Фокусот оваа година е на: контрола на властите преку технологија; образование; родовата дискриминација; феминизмот; правата на ЛГБТ лицата; независните културни простори; улогата на филмот во општеството; потенцијалот кој се крие во учениците и нивните професори.

Листата на говорници пак е следна:

  • Ѓорче Ставрески, режисер на Исцелител
  • Алцин Салимовски, директор на ОУ Браќа Рамиз и Хамид и основач на Roma Rock School
  • Румена Бужаровска и Ирена Цветковиќ (#СегаКажувам)
  • Елтон Баџаку, режисер на Скандал
  • Мифони Никсон, mySociety, платформа „They work for you“
  • Петар Ниновски (Brainster)
  • Арбер Салиху, Термокис
  • Андријана Печиновска и Жељко Ненадиќ (OrceTalks)

Дополнително, настап ќе имаат и Roma Rock School и импров групата Настан. Присутните ќе можат да го проследат и филмот Скандал.

Посетата е бесплатна, но со оглед на тоа дека местата се ограничени треба да се регистрирате за настанот. Engage 2018 се одржува на 12 мај, а регистрацијата за настанот е веќе отворена.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top