Една од предностите на онлајн огласите е што секој може лесно да пребарува низ огласите за работа, но истите можат постојано да бидат и објавувани бидејќи скоро секој .мк огласник дозволува бесплатни огласи.
Затоа место нервозно да чекате и барате работа, прелистајте ги следниве .мк дестинации и кој знае можеби ќе најдете нешто што ве интересира.
- Вработување – сајтот нуди преглед на огласи за вработување од поголеми компании до помали, индивидуални работодавачи и привремени вработувања. Интересно Вработување.мк нуди корисни совети за, пример, приготвување CV и нудат едукација за која се чини се плаќа.
- Најди Работа – Сајтот е наменет само за барање работа. Има најразновидни огласи за работа, кои можеби и не се толку прегледни, но има и интересен прегледи на рејтингот на компаните и статистика.
- Добра Работа – специјализиран сајт за наоѓање работа која може да се пребарува според категории, пример, градежништво, електротехника, здравство… Сајтот нуди и добри совети за мотивација, за тимаската работа, проверка на референци… (tnx Александра)
- Огласува.ме – овој веб сајт е доста прегледан кога се работи за листање на огласи, пример го имате само огласот, додека со „прикажување“ ги добивате деталите како тел. број, адреса итн итн… Има пребарување според градови што е едно од поважните нешта при барање работа.
- Моја Кариера – oвој сајт е всушност национална програма за вработување и практиканска работа која ги таргетира младите луѓе. На сајтот често се одржува е-саем каде заинтересираните можат да се сретнат и поразговараат со преставници на компании, а има и огласи. Повеќе за Моја Кариера ќе прочитате во следново интервју.
- ОгласникМ – сајт на доста познат огласник. Едноставен и лесен за прегледување огласи.
- еОгласник На Дланка – Интересен и прегледен огласник. Проблемот а можеби и решението за овој сервис е што се бара нов сопственик.
- Кајгана Огласник – прегледен огласник на кој може да се најде работа, но има и бизнис контакти и нудење на сервиси и услуги.
- Пазар 3 – Pazar3.mk е еден од најпопуларните сајтови за огласи кој си има и свој дел за пронаоѓање работа. Единствен проблем е што барањето и нудењето работа се ставени во еден кош и е потребно повеќе пребарување.
БОНУС
- Форум на IT.com.mk – Темата за вработување на форумот нуди можност за таргетирана ИТ публика, се нуди работа поврзана со најразновидно програмирање, дизајн, пракса…
Се е во ред кога станува збор за наведените www. каде МОЖЕТЕ да си барате работа. Ама, за ДА НАЈДЕТЕ мора да имате некој што се знае со некој што го знае некој… и да му се јави за да му рече на некој што се знае со некој кој го има некој и некој таму и таму за да ве вработи баш вам. Нели !?!?
http://vraboti.se
http://apps.facebook.com/vrabotuvanje/
http://www.reklami.com.mk/ ;)
Уште еден ви фали: http://reklami.com.mk/
oglasuva.me = http://themeforest.net/item/simpla-admin-flexible…
Па?! Сајтот е бесплатен и без реклами штп индуцираат епилепсија и користи тема од $15 долари место custom дизајн што чини 8 пати повеќе.
Ако правиш такви еквиваленции за 99% од македонските сајтови десната страна од равенката може да ти биде wordpress.com, joomla.org или drupal.org.
НајдиРабота – "кои можеби и не се толку прегледни"
Сте провериле што се нуди – Напредно пребарување?
Барем во тој дел сајтот е одличен.
Нуди основно (почетна страна) и нај-advanced пребарување по свој избор
Да, има напредно пребарување и други опции, што е корисно. Но огласот е всушност под датумот од кога до кога е огласот и која е фирмата. Во текстот пишав „можеби“ бидејќи за некого тоа може или не да биде проблем ако прегледува куп огласи.
http://www.dobrarabota.mk/ ви фали