Co-op игрите знаат да бидат исклучително забавни, особено со вистинско друштво. Но, правење добра и, пред се, успешна ко-оп игра не е лесна работа и потребно е многу повеќе од шармантна графика и блескав гејмплеј. Дали Mist Slayer ја има откриено добитната формула или е пак само пример за еден чекор напред, а два чекори назат?
Магловити напади
Приказната во Mist Slayer е фрлена во втор план и акцентот се става на инстантни битки и отклучување способности кои му дозволуваат на вашиот лик полесно да се справува со бројните предизвици. Она што треба да знаете е дека сте херој кој патува низ времето, посетува паралелни универзуми и се заложува конечно да се стави крај на мистична војна која ги разорува световите. Дали ќе успеете во тоа? Воошто не е важно!
Она што е важно е да најдете уште тројца пријатели и да се впуштите во истражување магловите места, убивање непријатели и собирање моќни способности. Со комбинација на овие три клучни елементи, ја разбивате маглата така што уништувате столбови кои се поставени низ клучни точки на мапата. Штом ги уништите сите столбови и целосно ја разбиете мапата, се соочувате со бос. Доколку успеете да го уништите босот, ќе се префрлите на нова територија и ќе започнете со одново истражување, уништување столбови и прочистување мапи.
Mist Slayer има едноставна формула која можеби звучи здодевно на хартија, но е забавна во пракса. Истражување места со пријатели, здржување сили за уништување бројни непријатели или босови, како и отклучување бројни способности го прават секој ран различен од претходниот. Можете да играте со еден од четири ликови. Секој од ликовите има уникатен стил за борба, а мапите, непријателите, моќите и предметите се дел од системот за рандомно генерирање.
Потенцијал кој добрва треба да се обработува
Со Mist Slayer се дружиме неколку денови и иако сме импресионирани од играта и сметаме дека има огромен потенцијал, сепак не можеме, а да не чувствуваме како нешто да фали. Во одредени аспекти, како графичка презентација, играта е преубава, но движењата, анимациите и нападите се чинат премногу основни, а дизајнот на мапите – неинспиративен. Не ни помага честото и неоправдано паѓање на FPS, што сведочи за лоша оптимизација на енџинот. И покрај ова, секој ран беше непредвидлив и интересен, особено во мали дози.
Низ 13 левели со 36 рандомно создадени мапи ќе се соочувате со бројни непријатели и над 10 босови, а ќе имате можност и да пронајдете и користите над 300 моќи, руни и предмети. Тука е и привремената и постојаната надградба на ликовите, како и бројни козметички работи кои го прават вашиот лик да се истакнува од останатите. Ваквиот огромен избор од можности и огромниот потенцијал за разноликост при секој ран не ни дозволи така лесно да кренеме раце од Mist Slayer. Доколку Moju Games продолжи да работи на играта и да ги рафинира бројните ситни несовршености, еден ден играта може да стане навистина добра и топла препорака за сите љубители на акциони Roguelite TPS!
Повеќе детали за играта
- Произведува: Moju Games
- Издава: Moju Games
- Жанр: ТPS, акциона авантура, co-op roguelite
- Платформа: Microsoft Windows
- Излезена на: 18 август 2023
Оценка
- Вкупна оценка: 6.75
- Приказна: 5
- Гејмплеј: 7
- Графика: 8
- Звук и музика: 7