Mirror's Edge

во Рецензии

{mosimage}Mirror’s Edge е игра во прво лице исполнета со скокови и брзина. Се сеќавате на Prince of Persia? Концептот на PoP и Мirror’s Edge е ист. Но додека принцот беше едноставен и досаден, Mirror’s Еdge е нова и свежа игра. Во Mirror’s Еdge ја имате Faith која треба да стигне од А до Б, но го прави тоа со рипање од кров на кров, лизгајќи низ цевки, или рипајќи на возови во движење.

Прво што се забележува кај Еdge е графиката, не во смисла на тоа какви се текстурите, туку во смисла на уникатна едноставност. Графички играта наликува повеќе на уметничко дело, минимализам, отколку на видео игра. Низ сивите и бели покриви по кои трча Feith, често, низ блескавото сонце кои на моменти и заслепува, се појавува едно парче црвената боја како индикатор за патот, или на интуицијата на Faith, што ве води низ сивилото кон црвената врата која Faith ја руши за да влезе во канцелариите во кои преовладуваат јако жолто, зелено, црвено, плаво. Изгледот е неверојатен.

Интересната употреба на боите, моментите на брзина, самата едноставноста на играта со моменти на тишина во долгите патувања по лифтот додека ја слушате Faith како дише забревтена од трчањето, за минута подоцна да го продолжи своето адреналинско рипање од кров на кров додека „плавите“ пукаат кон неа, е тоа што ја прави Mirror’s Edge уникатна. Па и бруталноста на играта и дава уникатен шарм. Изведете погрешен скок и ќе го чуете најреалниот морбиден звук кога Feith ќе падне од високо, ќе се лупне со глава во цевка или кога нема да успее да рипне од еден воз во движење на друг.

{mosimage}

{mosimage}

Што се однесува до игривоста, играта е брза и едноставна. Чувството на брзина е феноменално, со прекрасни анимации, на кое допринесува малиот број команди. Има само 2-3 команди кои се потребни за скокање, истите се потребни и за битките со „плавите“. Кога сме кај битките во Mirror’s Еdge подобро е да избегате од полицијата отколку да се борите со неа, впрочем и самата борба е дизајнирана на таков начин. Кога ќе дојдете во ситуација да мора да се борите, вие со едноставна и временска акција го онеспособувате „плавиот“ со интересни покрети и продолжувате да трчите. Единствено што можеби и недостасува на играта, се повеќе неутрални луѓе, малку гужва во празните канцеларии.

Досега од првиот Prince of Persia до најновата Tomb Rider гледавме битки, комплексно дизајнирани светови, обиди ликовите да бидат инволвирани во покомплексна приказна… но Mirror’s Edge ги надминува сите тие нешта веќе видени и кои ќе бидат повторени и во иднина. Mirror’s Egde ja додава естетиката во видео игрите.

Се што треба да направи Faith да стигне до крајот и да докаже дека сестра и не е крива за убиството е да рипне неколку крова и да избегне неколку лути полицајци. Приказната е кратка. Единствено што ја продолжува игривоста е опцијата „трка со времето“ која овозможува да се натпреварувате со други играчи преку интернет, за што ви треба EA регистрација или пак можете да ја играте офлајн, следејќи го духот.

Толку е Mirror’s Edge. Кратка но ретка игра која донесува нова, свежа идеја во културата на видео игрите, нешто повредно отколку популарните хитови чии петти или шести продолженија и по 10 години повторно го следат истиот шаблон како и првата, во кои единствениот напредок е графиката.

Mirror’s Еdge во суштина е ист концепт (стигни од А до Б што е можно побрзо) како и многу други веќе видени видео игри, концепт кој е стар преку 15 години, но деталите се тие кои ја прават една игра феноменално чувство. Или во случајот на Mirror’s Edge недостаток на детали.



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments