Сите ентузијасти за мини-компјутерот Raspberry Pi имаат нова причина за радост. Во соработка со Element14, еден од производителите на микрокомпјутерот, Raspberry сега ќе доаѓа во сите варијанти кои можат да се персонализираат по потреба на корисниците. Element 14 на своите корисници ќе им овозможи да ја модифицираат плочката и да креираат сопствена чии димензии и распоред ќе бидат прилагодливи. На дел од корисниците можеби не им е потребен WiFi модул, дел имаат потреба од повеќе простор или им требаат повеќе видео или USB порти; со новата персонализација, се чини дека ќе бидат задоволени сите потреби.
„Ја имате нашата поддршка во текот на целиот процес на дизајнирање. Од концепт до печатењето на плочките, што ќе овозможи да имате оптимизирана плочка за сите ваши потреби,“ објаснувааат од Element 14. Дел од најчесто бараните промени кои сега сега ќе бидат достапни се: дополнителна функционалност и I/O порти на плочката, интегрирано напојување или безжична антена, промена во конфигурацијата на плочката и меморијата, додавање или отстранување на конектори. Сепак она што нема да може да биде променето се процесорот и графичкиот процесор, како и софтверот кој е потребен.