Можеби е тешко да се поверува дека мини-компјутерот Raspberry Pi можеше да биде помал, но фондацијата зад овој уред само што претстави помала верзија, наречена Raspberry Pi A+. Новиот мини комјутер е помал, со намалена потрошувачка на енергија, а доаѓа за само 20 долари. Преходната верзија B+ беше достапна за 35 долари. Raspberry Pi A+ е сместен на плочка со димензии 65х56mm, 20mm пократко од Model А, а плочката е и потенка за 42 отсто. Доаѓа со Broadcom 700MHz ARM11 процесор, BCM2835 апликациски процесор и 256 MB RAM и троши само 2.5W. Првичната идеја на фондацијата беше да креираат мини PC за цена од 25 долари, па креирањето на новиот Raspberry Pi A+ кој доаѓа за 20 долари е речиси неверојатен подвиг.
[youtube]Y7ZrJvnpNc4[/youtube]