Miiverse е новата друштвена мрежа за Nintendo Wii U

Nintendo не чекаше да стартува E3 гејминг конференцијата за да ја претстави својата нова друштвена мрежа Miiverse преку која играчите на новата Wii U конзолата ќе можат да комуницираат во реално време.

Преку Miiverse корисниците ќе гледаат што играат другите играчи, а ќе има и опција за креирање на содржина која може да се сподели преку четот, пример цртежи или пораки напишани со ракопис. Играчите ќе можат да се поврзат со мрежата преку Nintendo 3DS, PC или паметни телефони.

Мiiverse е наменета за новата Wii U GamePad конзола која има 6,2 инчен екран на допир, далечински уред, сензори за движење и гироскоп. Претседателот на Nintendo, Сатори Ивата, го претстави и Wii U Pro контролерот со традиционалните копчиња и џоистици.

[youtube]bmbGApm1uN4[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments